Клуб од Санкт Петербург парично казнет поради неинтонирање на руската химна

Поради непочитувањето на прописите на руското првенство, екипата на Нева од Санкт Петербург заработила казна од 10.000 рубљи, пишува  „Брз Центар“.

Во рамките од шампионатот на Русија, Нева на свој терен го пречека Чеховски медведи, а пред самиот почеток на натпреварот не била интонирана химната на Русија поради проблеми со звучната опрема.

Со самото тоа биле прекршени неколку членови од прописите за организирање на натпревари од руското првенство.

Комисијата за организација и спроведување на натпреварите од страна на Ракометната федерација на Русија освен доделувањето на парична казна, го предупредила клубот од Санкт Петербург строго да се придржува кон самите прописи во останатиот дел од сезоната.