Клубовите не сакаат шампион на зелена маса, Бундес лигата ќе се доигра

Екипите кои се натпреваруваат во Бундес лигата планираат да ја доиграат сезоната ина терен да го решат прашањето за новиот освојувач на титулата.

После телеконференцијата која беше одржана меѓу претставници од Бундес лигата дојдено е до заклучок дека така би било најдобро односно постои расположение кај тимовите да играат натпревари.

Засега не е јасно кога натпреварите ќе продолѓат, но се очекува наскоро да има нови датуми за средбите кои остана да се доработат од сезоната. Од она што е познато е дека ракометот во Германија треба да се врати на терен на крајот од април, а првенството би требало да финишира во јуни. Во моментов се знае дека на 27 и 28 јуни во Хамбург ќе се одигра завршницата на Купот на Германија.

Сепак, сето ова ќе зависи од развојот на ситуацијата со Корона вирусот.