Клубовите не сакаат да играат, федерацијата нареди – првенството продолжува на 31 мај!

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Романија по видео состанокот донесе одлука за продолжението на сезоната во сите конкуренции. Со десет гласови ЗА и четири ПРОТИВ, беше одлучено да продолжи лигата според варијантите што беа предложени.

Дел од натпреварите ќе се одиграат турнирски, а дел регуларно. Сезоната во Женската лига ќе започне на 5 јуни со натпреварите од Купот на Романија, додека кај мажите ќе се игра од 31 мај.

Кај жените, за играње има уште седум кола, плус завршниот турнир во Купот, а во машка конкуренција треба да се одиграат уште три кола од регуларниот дел како и Ф4 во Купот, но нема да има плеј-оф и плеј-аут.

Иако повеќе од две третини од клубовите гласаа за прекин или поништување на сзоната, сепак ќе се игра и мора да заврши до 30 јуни. Големи проблеми би можеле да имаат клубовите што имаат странци, особено ЧСМ Букурешт и Валчеа. Дел од интернационалките во моментот на прекин, заминаа во татковините за репрезентативните собири што требаше да се одржат на средината на март и не се вратија во Романија.