Клубовите добија протокол – три дена индивидуални тренинзи, седум дена во мали групи, а потоа колективно!

Ракометните клубови конечно го добија проколот за тренинзи во сала, кој се чекаше подолго време и ќе можат да ги направат плановите за старт на нетипичните подготовки.

Поголем дел од нив веќе тренираат на отворено, а дел од нив го одложија стартот. Препораките се тренажниот процес во сала да биде поделен во три фази:

    • почеток на индивидуален тренинг на играчи во спортска сала, без физички
      контакт (3 дена)
    • почеток на тренинзи во мали групи (најмногу 5 играчи истовремено) (7 дена)
    • колективен тренинг со комплетен тим (доволен број на денови потребен за
      подготовка на екипата согласно индивидуална процена на тренерот)

Доколку се променат рестриктивните мерки, процесот на тренирање може да претрпи
измени. Основните принципи се обврзувачки за сите клубови при изготвување план за
отпочнување на процесот за тренинг.

Протоколот е поделен во три фази и има за цел да им даде на играчите оптимална можна нова физичка подготвеност до самиот почеток на лигите, кои би требало да стартуваат во септември.

На тренинзите можат да присуствуваат само учесници кои се неопходни за одвивање на тренингот. Тие мора да бидат однапред познати и евидентирани на список кој ги содржи генералиите.

Cо цел ракометните сали да бидат што е можно подобро изолирани, се советуваат
клубовите доколку е можно, да го организираат процесот на тренинг во тренинг камп
со заедничко сместување (вид на карантин), а доколку тоа не е можно, тогаш играчите
да престојуваат во своите домови и на тренинг да патуваат поединечно.

Исто така важен момент е дека натпреварите ќе се играат без присуство на публика, а сите ракометари и ракометарки ќе мора да бидат тестирани на Ковид-19 најмногу 72 часа пред стартот на лигите.

Комплетниот протокол може да го прочитате ТУКА.