Кликовац и Булатовиќ испратени со овации и плакети

Репрезентацијата на Црна Гора со победа го започна Европското првенство, откако триумфираше против Шпанија со 30:23.

Екс членката на Вардар и Жито Прилеп, Андреа Кликовац заедно со Катарина Булатовиќ, ракометарки кои беа дел од златната генерација на Црна Гора, која ја освои титулата на Европското првенство (2012), официјално се простија од националниот дрес.

Специјален момент пред дуелот на Црна Гора со ,,црвената фурија” беше доделувањето на плакетите за двете споменати ракометарки, кои со овации беа испратени од СЦ ,,Морача”.

Булатовиќ беше една од најзаслужните за освојувањето на сребрениот олимписки медал во Лондон, но и за златото од Европското првенство во Србија, додека Кликовац десет години беше столбот на црногорската селекција, но одлично знаеше да одигра и во нападите.