Кичево не беше закана, Драчево обезбеди нови бодови

Екипата на Драчево ја продолжува трката за директен пласман во македонската елита, откако на свој терен славеше против Кичево со 30:27 (14:14) во натпревар од 7. коло во прволигашкиот плеј-оф.

Драчево со новата победа се израмни со Аеродром, двете екипи имаат по 34 бода на табелата, додека актуелниот лидер и нов суперлигаш Мулти Есенс има 45.

Избраниците на Велимир Настески од стартот, па до крајот на дуелот беа во резултатска предност, иако во одреден период имаа осилаци во играта, сепак, успеаја да стигнат до важна победа.

Тимот на Кичево во првото полувреме само во три наврати го израмни резултатот и во вториот дел дојде до израз квалитетот меѓу двете екипи.

Најефикасен во победничката екипа беше Ѓорѓи Дука со 10 постигнати погодоци. Кај поразениот табор се истакна Марјан Сарашов со шест погодоци, а по пет реализации имаа Никола Шипинкоски, Дарио Јаковлески и Дарко Јаневски.