Кил ја доби генералката против „лисиците“ пред стартот на ЛШ

Шампионот на Германија, екипата на Кил имаше успешен последен тест пред почетокот на Лигата на шампионите во четворток. Кил беше подобар од Фуксе Берлин со 26:25 на гостински терен.

Во Кил недостасуваа три важни играчи, Магнус Ландин, Билик и Дамке заради повреда но сепак „зебрите“ забележаа победа. Натпреварот, очекувано беше доста израмнет, а по првиот дел беше нерешено 13:13.

Најефикасен во составот на Кил беше големото засилување од ПСЖ, Сандер Сагосен со пет погодоци, a во екипата на Фуксе Берлин, Марко Копљар беше најпрецизен исто така со пет гола.

Својот прв натпревар Кил во Лигата на шампионите го игра во четврток на 17. септември на гостински терен против Загреб. Кил е голем фаворит на овој дуел, а како што најавија германскиот тим ќе патува за Хрватска со чартер лет на денот на одигрување на натпреварот и потоа веднаш ќе се врати во Германија.