Кил тргна со титула, го освои Супер купот на Германија

Екипата на Кил која во последната сезона беше шампион на Германија денеска ја освои 11. круна во Супер купот откако го совлада Лемго со 30:29 во интересен натпревар во кој сè беше познато неколку минути пред крајот од средбата.

Кил кој победи во во натпреварувањето и минатата година уште на полувреме имаше резултат кој водеше кон триумф. Имаше 17:14 така што во продолжение од средбата беше само прашање колку ќе биде разликата.

Со овој триумф тимот на Кил најави нова сезона во која ќе атакува на трофејот во Бундес лигата, па и во неа влегува како прв кандидат за титулата.