Кил со млад пензионер ја пополни празнината на десно крило

Поранешниот австралиски репрезентативец Беван Калверт е новото засилување за германскиот шампион Кил.

34-годишното десно крило по завршувањето на кариерата, која во најголем дел ја мина во Втората Бундес лига, стана помошник тренер во младинската екипа на Кил минатата сезона.

Но Кил се најде во големи проблеми по повредата на Никлас Екберг и заминувањето на Оле Рамел во Бенфика, па мораше да реагира.

Калверт ќе биде привремена замена за Екберг, а одигра 60 минути на пријателскиот натпревар против Грац.