Кил пресилен за Рајн Некар во дербито во Бундес лигата

Дербито на 27. коло во Бундес лигата се играше во Кил, каде што гостуваше составот на Рајн Некар Левен. Водечкиот тим на табелата уште еднаш потврди дека игра во одлична форма и славеше со 27:21.

После израмнетиот почеток Рајн Некар успеа да направи предност 11:8 во 19. минута од натпреварот и успеа да го одржи водството до полувремето кога имаше два предност 15:13. Кил го започна вториот дел многу подобро, отвори со серија од 5:0 и поведе 18:15. До крајот на натпреварот домашната екипа со сигурна игра ги освои бодовите.

Предводник во победата на Кил беше Домагој Дувњак со шест гола, додека Екберг постигна пет. Никлас Ландин даде голем придонес во победата со 14 успешни интервенции. Во составот на Рајн Некрар, Киркелоке беше најпрецизен со шест гола, а Енди Шмид постигна пет погодоци. Апелгрин имаше седум одбрани.