Кизиќ: Не е лесно да се победи екипа како Нексе

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице со 27-23 и од второто место во групата ќе одат во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига.

Херој на пелистерци беше голманот Марко Кизиќ, кој одбрани пенал во последните секунди, и спречи битолчани да одат на двомеч со Загреб.

,,Ние бевме мотивирани и одигравме одличен натпревар против квалитетна екипа. Навивачите не поддржуваа во текот на целиот натпревар и ни дадоа голема мотивација. Не е лесно да се победи против тим како Нексе. Оваа победа секако дека ни дава голем мотив за следните натпревари од СЕХA лигата и домашниот шампионат”, изјави Кизиќ.

Ривалот во четвртфиналето, Еурофарм Пелистер ќе го дознае на 27 март кога ќе бидат комплетирани дуелите од групата Б каде што се Вардар, Партизан и Татран Прешов.

Кизиќ херој против Нексе, Еурофарм Пелистер од второто место во СЕХА четвртфинале!