Келце со новиот спонзор потсети на најголемите успеси на клубот (ВИДЕО)

Келце имаше проблеми со спонзорите во текот на летото откако се откажаа главните поддржувачи, но сепак претседателот Сервас успеа да најде нов стабилен спонзор за следните сезони.

Новиот спонзор е пиварницата „Ломза“, а ова беше добар повод медиа тимот на Келце да се потсети на сите важни моменти од историјата.

Клубот е основан во 1965 година и е најуспешен во Полска со 17 шампионски титули и единствениот полски тим кој ја освоил Лигата на шампионите. Во продолжение е видеото на Келце со најдобрите моменти од историјата на клубот.