Келце се врати на тренинзи, од 20 јули старт за новата сезона

Тренерот на Келце, Талант Душебаев ги собра ракометарите на тренинг, но во сала се најдоа само неколку ракометари кои уште се наоѓаат во Полска.

Веќе е јасно дека подготовките за новата сезона ќе стартуваат на 20 јули, така што сè би требало да оди според планот.

Двајцата поранешни вардарци Игор Карачиќ и Алекс Душебаев не се на тренинзи бидејќи тие не се во Полска. Карачиќ веќе извесно време се наоѓа во Македонија

Инаку, на тренинзите во моментов се наоѓаат Андреас Волф, Матеуш Корнецки, Аркадиуш Морито, Владислав Кулеш, Дорук Пеливан и Даниел Душебаев. Сезоната е веќе завршена во Полска, па наскоро ќе добијат одмор така што за точно два месеци се очекуваат назад на терен.