Келентриќ ја напушти Слога, Германија следна дестинација

Поранешниот репрезентативец на Хрватска, кој сезонава беше на клупата на Слога Добој го напушта клубот и оди во нови предизвици кои ги носи Германија.

Тој се сели во редовите на Гумерзбах каде што ќе има улога на тренер на голманите и ќе работи во академијата на клубот.

Гумерзбах е екипа која се бори за враќање во Бундес лигата, но на три кола до крајот се наоѓа на 3. позиција, но постојат уште шанси да успее да биде на една од првите две позиции.

Покрај тоа што ќе работи во Гумерзбах тој останува дел и од репрезентацијата на БиХ каде што е во стручниот штаб на Ивица Обрван како тренер на голманите.