Кањас му понуди нов договор на 41-годишниот ветеран од Црна Гора

Екипата која се натпреварува во Асобал лигата, Кањас одлучи да го заврши ракометарот од Црна Гора кој има 41 година, Ален Муратовиќ.

Клубот му додели нов договор и тој ќе одигра уште една сезона за овој тим.

„Нема многу луѓе кои можат да продолжат да уживаат во ракометот на моја возст. Следната сезона ќе биде многу подобра од оваа. Оваа година тимот беше нов, а тоа беше и прва година за тренерот Мојано и плативме поради недостаток на искуство“, коментираше Муратовиќ.

Кањас во последната сезона беше на последното место, но со оглед на тоа што никој нема да отпадне од лигата останува во Асобал и во новата сезона.

Муратовиќ беше дел од тимот на Морацо Кањас од 2003 до 2005 година. Потоа откако играше за Ваљадолид и Флензбург, и три години не играше на професионално ниво во 2013 година се врати во Кањас и уште е дел од оваа екипа.