Кај кадетките се пријавија 14 екипи, ќе се игра во три групи по региони

За новата сезона во Кадетската лига во женска конкуренција се пријавија 14 екипи. Тие се поделени во три групи по региони. Во група А ќе играат шест, додека во групите Б и В по четири екипи.

Во А група ќе се игра еднокружно дома/гости, а во Б и В групите ќе се игра двокружно дома/гости. Во четвртфинале ќе се пласираат првите три екипи од група А, првите две екипи од групите Б и В, како и подобрата екипа од бараж натпреварот помеѓу трето пласираните екипи од групите Б и В. Домаќинот на овој натпрревар се одредува со
ждреб).

Во четвртфинале ќе се игра еден натпревар, домаќинот и паровите ќе се одредат со
ждрепка со тоа што екипи од иста група не може да играат меѓусебе. Победниците ќе се пласираат на Ф4 турнирот. Полуфиналните парови ќе бидат одредени со ждрепка. Победниците ќе играат за прво место, а поразените за трето место.

Кадетска лига, жени, 2022/23:

група А: Вардар, Ѓорче Петров, Илинден Вардар, Чаир, Скопје, Шампион

група Б: Деспина, Струма, Делчево Вардар, Гевгелија

група В: Стружанка, Лихнид, Пелистер, Јехона