Кај кадетите ќе играат 26 екипи, познат изгледот на групите

Машката кадетска лига во новата сезона, за која се пријавија 26 екипи ќе се игра во три групи, поделени по региони.

Група А има десет екипи од скопски регион, додека во групите Б и В ќе играат по осум екипи од западен, односно источен регион на Македонија.

Натпреварите ќе се играат еднокружно во два дела, есенски и пролетен дел. По завршување на овие натпревари, ќе се играат четвртфинални натпревари. Од групата А се пласираат првите три екипи, од групите Б и В се пласираат првите две екипи и подобрата екипа од бараж натпреварот помеѓу трето пласираните екипи од групата Б и В. Домаќинот на тој натпревар ќе се одреди со ждрепка.

Потоа се одигрува по еден четвртфинален натпревар и тоа ќе се одреди со ждрепка, со тоа што не може да играат екипи кои играле во иста група меѓу себе. Победниците од четвртфиналните натпревари, ќе се пласираат на Ф4 турнирот. Двојките за полуфиналните натпревари ќе бидат одредени со ждрепка.

Кадетска лига, мажи, 2022/23:

група А: Бутел Скопје, Вардар, Аеродром, Алкалоид, Голден Арт, Голден Арт 2, Кузман Вардар Илинден, Мулти Есенс, Скопје, Рисови

група Б: Астраион, Бисинов, Вардар Неготино, Младост Богданци, Радовиш, Тиквеш, Куманово, Партизан Гевгелија

група В: Асови Вардар, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Младост Јуниор Вардар, Охрид, Прилеп, Преспа Вардар, Струга