Кастратовиќ: И понатаму стојам зад зборовите дека пет гола беа достижни

Металург не успеа да се пласира во групната фаза од Купот на ЕХФ откако на домашен терен одигра нерешено иако во најголемиот дел од средбата беше во позитива. На крајот со 23:23 дојде до резултат кој ги израдува гостите од Словенија.

После средбата тренерот Зоран Кастратовиќ го даде своето видување на она што беше направено на теренот.

„На пет минути пред крај имавме седмерец и три гола разлика. Имавме и исклучување и црвен картон. Со реализиран пенал ќе бевме во полза да ги бркаме тие пет гола разлика. Како тренер на Металург, морам да испратам честитки за ракометарите особено за борбената игра. Горење го спуштивме на низок број на голови. Тоа е екипа што дава над 30 гола во домашниот шампионат. Одигравме коректно во одбраната, но немавме концентрација во моментите кога требаше да постигнеме гол за предност од четири гола. Сè уште стојам зад зборовите дека пет гола беа достижни“, коментираше Кастратовиќ.

Тој појасни дека бил незадоволен од ракометарите од односот на средбата против Вардар јуниор и дека овој дуел бил далеку поинаков од тој тогаш.

„Ситуацијата со мене е таква што сум прв тренер на Металург. За разлика од мечот во средата, во односот на играчите на овој дуел постои гола разлика. Тоа е разлика како небо и земја. Мора да бидеме натпреварувачи, тоа на сите треба да ни биде јасно“, коментираше Кастратовиќ.

Ова значи дека сега Металург мора да се насочи на домашното првенство и до крајот на сезоната ќе мора да се бори исклучиво на домашен терен. Следен е мечот против Пролет кој ќе се игра в среда во „Автокоманда“.