Карачиќ: Драго ми е што не се оперирав, сега сум веќе добро

Ракометарот на Келце, Игор Карачиќ во последните неколку месеци беше спречен да игра на препознатливо ниво поради повредата која ја доби уште на дуелот против Вардар во ноември.

Тој требаше да прави операција, но сега вели дека направил паметен потег кога одлучи да не биде подложен на хируршка интервенција и со одмор да се рехабилитира.

„Последните неколку месеци беа многу тешки за мене. Не можев да дадам сто проценти од можностите. Мило ми е што не се случи операцијата. Сега моето здравје е в ред. Слична повреда како мојата имаше и тренерот на Кил, Филип Јиха. Тој исто така се откажа од операција. Докторите од Хрватска ми советуваат дека за мојата повреда одморот е правилна рехабилитација и дека тоа најмногу ќе ми помогне. Задоволен сум од она што се случи“, коментира Карачиќ.

Тимот на Келце отпадна од Лигата на шампионите после поразот од Нант, па Карачиќ има доволно време за комплетно да се рехабилитира.