Карапалевски: Имаме мотив да играме против Војводина, верувам во добро издание

Ракометарите на Вардар утре ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

Ривал е тимот на Војводина, а македонскиот тим патува ослабен за Нови Сад, бидејќи овој меч се игра во ЕХФ недела, кога дел од играчите имаат репрезентативни обврски.

Средниот бек Мартин Карапалевски верува дека Вардар ќе се покаже во добро издание.

„Иако ќе ни недостасуваат повеќемина играчи ние сме подготвени за Војводина. Имаме мотив да играме иако е ова последен меч од групната фаза на СЕХА и доаѓа во период кога во домашното првенство имаме згуснат распоред. Верувам дека ќе бидеме добри во Нови Сад“, вели Карапалевски.

Натпреварот меѓу Војводина и Вардар се игра утре во Нови Сад со почеток во 17:00 часот.