Каралек: Келце заслужи да ја освои титулата

Ракометарот на Келце, Артем Каралек беше еден од првите кои се огласија после одлуката на Ракометната федерација на Полска да став крај на сезоната и да го прогласи новиот шампион.

Келце ги одигра двата меча со Висла Плоцк, па доколку одлучуваше меѓусебниот двобој, повторно Келце ќе беше шампион.

„Оваа победа нема ист вкус како онаа од минатата година. Сепак, во оваа ситуација ние сме немоќни и нема што да направиме. Сезонава загубивме од Висла во Плоцк со еден гол разлика. Сепак, дома надоместивме и се изборивме за победа од девет погодоци. Мислам дека заслужено на крајот сме први и заслуживме да ја освоиме титулата“, коментирше Каралек.

Полска одлучи предвреме да го прогласи првенството за завршено откако стана јасно дека нема да може се доигра шампионатот поради ситуацијата со коронавирусот. Со оглед на тоа што Келце е лидер беше прогласен за првак.