Карабатиќ нема да заигра оваа сезона!

Легендарниот Никола Карабатиќ нема да заигра до крајот на оваа сезона. Иако веќе поминаа предвидените три месеци пауза поради проблемите со вените во десната нога, легендарниот Французин сепак нема да се врати на терените.

Според „Л’екип“, 39-годишниот ветеран нема да му се стави на располагање на Раул Гонзалес оваа сезона, но ќе се подготвува за стартот на следната.

И без услугите на Карабатиќ, ПСЖ успеа да се одржи на врвот во француското првенство, како и два пати да го победи Кил и да обезбеди место на Ф4.

Kарабатиќ го продолжи договорот со францускиот гигант за уште една сезона, по која би требало да стави крај на богатата кариера.

ПСЖ го чекаат завршни битки за титулата во Франција, финалето на Купот, како и настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.