Карабатиќ: Мит е дека врвниот спортист мора да јаде месо за да биде успешен

Еден од најдобрите ракометари во последните години, Никола Карабатич има интересно размислување околу тоа што се случува со планетата. Воедно коментира и за случувањата околу храната која ја користат спортистите.

Според Карабатиќ илузија е да се смета дека храната може да биде показател за тоа дали еден спортист може да биде голем или не односно дека таа е некое влијание.

„Се приклучив на движењето ‘Подготвени сме’ кое има за цел да докажеме дека сите сме подготвени да ги менуваме своите прехрамбени навики. Практично сакаме да кажеме дека е мит врвниот спортист да мора да јаде месо ако сака да биде успешен. Јас јадам месо само еднаш неделно. Меѓутоа интензивното сточарство е еден од главните извори на стаклени гасови кои се одговорни за уништување на шумите“, вели најдобриот ракометар во последните години, Никола Карабатиќ.

Доколку не беше коронавирусот тој со репрезентацијата на Франција во јуни требаше да гостува во Скопје на бараж дуел за Мундијалот во Египет. Сепак, одлуката е Французите да одат директно, а Македонија ќе се обиде со аплицирање за вајлд карта да се обиде исто така да најде место на шампионатот во земјата на фараоните.