Jozo Cabraja / kolektiff

Карабатиќ има венска тромбоза, заврши сезоната за ѕвездата на ПСЖ!

Екипата на ПСЖ во текот на денешниот ден доби лоша вест. Еден од најдобрите ракометари на светот Никола Карабатиќ нема да му биде на располагање на тимот за остатокот од натпреварувачката сезона 2022/23.

Како што соопштуваат француските медиуми Карабатиќ има венска тромбоза на десната нога и ќе мора да отсуствува од терените подолг временски период.

Искусниот ракометар, кој пред извесен период го продолжи договорот со ПСЖ до 2024 година, веќе осум сезони по ред е еден од главните играчи во францускиот тим.

Според лекарскиот тим на ПСЖ, Карабатиќ ќе паузира најмалку три месеци, а тоа значи дека за него оваа сезона е веќе завршена.