Карабатиќ: Зошто да не играм и во Париз во 2024?

Трикратниот олимписки и европски шампион, како и четирикратен светски Никола Карабатиќ во интервју за „Olympics.com“ зборуваше зошто не му се брза да стави крај на ракометната кариера.

Тоа што може да им помага на помладите со своето искуство и квалитет е еден мотив плус за Карабатиќ.

„Денес уживам во различни работи. Имав шанса да ги исполнам моите соништа и да  освојам многу важни титули и тоа повеќе пати. Радоста во освојувањето трофеи секогаш била посебна, но сфатив дека таа е уште поголема кога ќе ја споделите со луѓе кои претходно не постигнале големи победи. Сакам да помагам на помладите и тоа е едно од нештата што ме турка напред и на 38 години“.

Ако неговото тело е во добра форма, би можеле да го гледаме и на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

„Зошто да не сонувам за настап во Париз 2024? Ако моето тело издржува, тогаш јас сум мотивиран да играм пред домашната публика. Но, не сакам да гледам предалеку во иднина, само уживам во патување кое е се поблиску до својот крај“.

Главната цел оваа сезона е освојувањето на Лигата на шампионите со ПСЖ, иако својот клуб не го гледа како главен фаворит.

„Освојувањето на Лигата на шампионите со мојот клуб е главниот приоритет. Ние сме ПСЖ, луѓето не гледаат како фаворити, но не сме. Сега главни кандидати за трофејот во ова натпреварување се Кил, Барселона, Келце и Веспрем. Сепак, ние ќе направиме се за да се пласираме на фајнл-форот“.