Капитенот Радовиќ со шампионско шишање – косата ќе ја донира за перика во хуманитарни цели!

Откако Ице Соколески имаше шампионско шишање по мечот со Тиквеш, следен на листата беше капитенот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ.

Црногорскиот репрезентативец вети дека ако пелистерци ја освојат титулата, ќе ја ишиша долгата коса.

Десното крило го одржа ветувањето и остана без заштитниот знак уште од времето кога беше дел од Ловќен Цетиње.

Тој најави дека ќе ја донира косата за перика во хуманитарни цели за оние на кои им е потребно.

Шампионското шишање на Ице Соколески (ФОТО+ВИДЕО)