Капитенот Периќ порача: Велковски е со нас (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва имаат историска шанса да ја освојат титулата во македонското првенство.

Тоа ќе мора да го направат без капитенот Јосип Периќ, кој е повреден, како и без Мартин Велковски, кој имаше операција пред неколку дена.

Периќ е во „Боро Чурлевски“ во дрес од македонската репрезентација на Мартин Велковски и порача дека и тој ќе ги бодри неговите соиграчи.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар почнува од 19:00 часот.