Капе Верде ќе собира донации преку хуманитарен концерт за да патува на Мундијалот во Египет

Репрезентацијата на Зеленортските Острови (Kaпе Верде) за првпат во својата историја обезбеди пласман на едно Светско првенство во ракомет. Новиот формат со 32 учесника овозможи некои земји кои до сега само сонувале настап, сега да им се исполни сонот.

Но финансиката криза не ги заобиколи и Зеленортските Оствори, па ракометната федерација заедно со неколку културни уметници од земјата ќе се обиде да собере дополнителни средства за помош на репрезентацијата.

На 26. и 27. декември националните уметници на Зеленортските острови ќе одржат концерт кој ќе се пренесува во живо на фесјбук страната „Cabo Verde no Mundial“ создадена за промоција на учеството на репрезентацијата на Мундијалот во Египет.

„Овој настан има за цел да ја промовира континуираната мобилизација на сите за поддршка на федерацијата во учеството на Светското првенство. Ова за нас е историско достигнување во репрезентативниот спорт. Учеството треба сите нас да не направи горди“, стои во соопштението на Министерстовот за млади и спорт на Зеленортските Острови.

Светското првенство во Египет ќе се одржи од 14 до 31 јануари, а Зеленорските острови својот деби настап ќе го имаат против Унгарија. Во рамки на групата А уште ќе играат и со Германија и Уругвај.