Како ќе изгледа финалето во СЕХА во Задар: Вардар сегашниот против Вардар поранешниот

Од 20:30 часот денеска во Задар се игра финалето на 9. сезона од СЕХА лигата, а на терен се наоѓат тимовите на Вардар и Веспрем. Кога ќе се земат предвид составите и стручните штабови тогаш ова делува како дуел на сегашниот Вардар против поранешниот бидејќи во тимот од Унгарија има пет ракометари и три члена на стручниот штаб кои веќе го носеле „црвено-црниот“ дрес.

Недостига голман и среден бек за да може составот да биде комплетен. Со оглед на тоа што Штербик се пензионираше и се пресели во тренери така што не е дел од активните играчи на Веспрем за да се вброи во составот. Затоа, пак, тука се петмина поранешни членови на „црвено-црните“. Од нив само Манасков нема титула во Лигата на шампионите.

Играчи кои биле дел од Вардар, а денеска ќе играат за Веспрем покрај Дејан Манасков се: Вуко Борозан, Хорхе Македа, Данил Шишкарев и Рожерио Мораеш. Недостигаат само голман и среден бек за да се има комплетен состав.

Кога на ова ќе се додадат тренерот Давид Дејвис, тренерот на голманите Арпад Штервик и кондицискиот тренер Марија Лојаница јасно е дека Веспрем наликува на оној шампионски Вардар.

Оттаму ова финале добива една друга димензија и дефинитивно ќе биде интересно во финалето во кое сигурно ќе има што да се види на теренот и сигурно дека овој Вардар не е без свои шанси против Веспрем во кој има голем број на поранешни вардарци.