Како ќе изгледа Вардар на 1 јули – кој си оди, кој останува, на кој му истекува договорот…

Европската ракометна федерација ги презакажа елминациските натпревари од Лигата на шампионите во месец јуни, но ниту еден од тимовите нема да биде со истиот ростери. Голем дел од ракометарите ќе ги менуваат средините, на дел од нив нема да им бидат продолжени договорите, па прашање е какви натпревари ќе гледаме во јуни.

Што се однесува до Вардар, десното крило Данил Шишкарев и голманот Калифа Гедбан, ги официјализираа трансферите во Веспрем и Адемар Леон, а последен (засега) е Сташ Скубе, кој оди во Мешков Брест. Словенецот најави дека и покрај тоа што сезоната може да продолжи на лето, тој на 1 јули ќе биде во Брест.

Покрај нив тројца, Домен Сикошек Пелко и Жозе Толедо, имаат најдено нови клубови, но договорите не се официјално потврдени, а летонскиот голман Артурс Кугис не тренира(ше) со првиот тим. Кристијан Дисингер исто така најави дека нема повеќе да го гледаме во Скопје, а Горбок за руските медиуми откри дека може да стави крај на кариерата.

Со оглед на тоа каква е финансиската конструкција во европскиот шампион, тешко е за верување дека играчите на кои им истекува договорот ќе останат во Скопје. Но коронавирусот го успори малку трансфер пазарот во Европа, па европските екипи се уште не можат да ги формираат ростерите за следната сезона.

Многу веројатно е дека Вардар без голем дел од носителите на играта ќе излезе на мегдан на ПИК Сегед, секако ако дозволи коронавирусот, но како ќе одминува времето и како се шири овој вирус, така е се повеќе јасно дека европскиот шампион ќе биде елиминиран од ЛШ, но не на теренот. Натпреварите меѓу Вардар и ПИК Сегед би требало да бидат на програмата на 3 или 4 јуни во Скопје, како и на 6 или 7 јуни во Сегедин. Последниот датум на кој може да се откажат овие средби е 15 мај.

Ростер на Вардар: 

Борко Ристовски (договор до 30 јуни 2020)
Васил Гогов
Калифа Гедбан (заминува во Адемар Леон на 30 јуни)
Артурс Кугис (договор до 30 јуни 2021)
Стефан Атанасовски
Тимур Дибиров (договор до 30 јуни 2020)
Димитар Димитриоски (договор до 30 јуни 2021)
Марко Кизиќ
Сергеј Горбок (договор до 30 јуни 2020)
Дејан Кукуловски
Марко Мишевски (договор до 30 јуни 2020)
Сташ Скубе (заминува во Мешков Брест на 30 јуни)
Мартин Карапалевски
Кристијан Дисингер (договор до 30 јуни 2020)
Жозе Толедо (договор до 30 јуни 2021)
Данил Шишкарев (заминува во Веспрем на 30 јуни)
Иван Чупиќ (договор до 30 јуни 2020)
Ален Ќосевски
Стојанче Стоилов (договор до 30 јуни 2020)
Глеб Калараш (договор до 30 јуни 2021)
Давид Гашовски
Домен Сикошек Пелко (договор до 30 јуни 2020)
Сергеј Горпишин (договор до 30 јуни 2021)