„Како ќе изгледаше карантин во времето на Чаушеску: Секој што ќе излезе надвор – оди во затвор!“

Насекаде во светот се воведуваат многу поригорозни мерки во обид за спречување на ширењето на корнавирусот. Сепак многу луѓе не се прирджуваат кон препораките на надлежните.

Во таа насока ѕвездата на романскиот ракомет во осумдесетите години Василе Стинга, кој подоцна работеше како тренер го коментираше почитувањето на карантинот во Романија.

„Имаме странски играчи во Стеауа кои не можат да ја напуштат Романија. Сите наши играчи се здрави но не можеме да тренираме. Ќе имаме само две недели за подготовка. Имам чувство дека властите мораат построго да ги држат граѓаните инаку ќе завладее хаос. Ја гледам ситуацијата и претпоставувам како ќе се одвиваат работите. Како би изгледала ситуацијата во времето на Чаушеску? Ако некој излезе од дома веднаш ќе го однесат во затвор. Треба сите да бидеме серииозни и одговорни“, коментираше Стинга.

Во Романија засега шампионатот е во прекин, но нема најави од федерацијата за следните чекори – дали се планира поништување или продолжување.