Како Чкембари отпатуваа со 21 автобус да го бодрат Пелистер (ВИДЕО)

Навивачката група на Пелистер популарно наречените Чкембари слават 35 години од постоењето, а добро е познато и кога почнува нивниот почеток односно за кој датум се смета нивното формирање.

Ракометниот клуб Пелистер бил секогаш синоним за Битола и клуб за кој добро се знае насекаде не само низ просторите на земјите од поранешна Југославија туку и низ Европа.

На роденденот се потсетува и порталот од Битола, babambitola.mk кој се навраќа на 25 септември во 1985 година. Тогаш битолчани првпат отпатуваа организирано на едно гостување. Пелистер играше против Партизан од Бјеловар во мајсторка за опстанок во Првата лига на Југославија.

За Белград отпатува дури 21 автобус со навивачи на Пелистер за да даде поддршка,а на крајот битолчани се вратија со победа и обезбеден опстанок. Тој ден воедно Чкембари го водат и како ден за формирање на навивачката група.

Натпреварот можете да го погледнете во видеата во продолжение.