Како на филм: Среде тренинг упаднаа специјалци и уапсија ракометар на Партизан! (ВИДЕО)

Во тимот на Партизан пред три дена имало прекин на тренингот поради упадот на специјалните сили на Србија.

За време на тренингот, младиот голман на Партизан, Војислав Ѓорѓевиќ бил уапсен под сомнение дека е член на една од поголемите криминални групи, Вељко Беливук, позната како – Веља Невоља.

Самиот настан предизвикал шок кај неговите соиграчи, лицата кои биле присутни за време на тренингот, но и кај неговите пријатели и семејство.

19-годишниот голман важел за мирна личност и бил еден од надежите за неговиот клуб во иднина. Во наредните денови се очекува повеќе информации од безбедносните сили на Србија во врска со апсењето на младиот голман.

Освен голманот на Партизан, уапсени биле и други лица, дел од нив во текот на нивното бегство.