Како Колстад го привлече Сагосен – Колку ќе биде платата на Норвежанецот во новиот клуб?

Екипата на Колстад го доби најдобриот ракометар на Норвешка и еден од најдобрите во светот во моментов, Сандер Сагосен, но тој ќе пристигне во клубот во 2023 година. Веќе е познато и колку ќе биде голема платата што ќе ја добива во новата екипа, па може да се заклучи дека платата не е главниот предуслов за враќањето дома.

Платата која што ја зема во Кил од 720.000 долари годишно ќе ја добива и во тимот од Трондхајм. Сумата е 6 милиони норвешки круни, а тоа се одлични услови. Секако кога ќе се спореди лигата во Норвешка во однос на Бундес лигата ова доаѓа како подобри услови во однос на финансиите.

„Секаде имам добри услови. Така ќе биде и сега кога ќе се вратам дома. Со истите финансиски услови ќе почнам и во тимот на Колстад“, истакна Сагосен.

Истите услови ги има и сега во редовите на Кил, но во Бундес лигата се играат далеку повеќе и многу потешки натпревари во текот на целата сезона.