Како изгледа тим-билдинг на Веспрем (ВИДЕО)

До почетокот на сезоната има уште еден месец, а екипите се речиси подготвени за почетокот, па затоа сè почесто имаат денови за дружење и забава помеѓу ракометарите.

Екипата на Веспрем имаше ден за тим-билдинг кој ракометарите го искористија добро да се забавуваат.

Прво уживаа на базен, потоа се испробаа во куглање, пинг-понг, фудбал и уште многу други содржини и активности. Едно е сигурно забавата беше на највисоко ниво и сигурно целта е постигната од вака организираниот ден.

Како изгледаше тим-билдинг денот во Веспрем погледнете во видеото…