Каков плејмејкер испушти Вардар – Елдера со гол од 12 метри го однесе Замалек на Супер Глоуб (ВИДЕО)

Египетскиот тим Замалек го освои Суперкупот на Африка, откако го совлада големиот ривал Ал Ахли со 28-27.

Победничкиот погодок беше постигнат во последните секунди од натпреварот, од несудениот вардарец Јахија Елдера.

Средниот бек на египетската репрезентација биеше од 12 метри во голот на Ал Ахли и го однесе неговиот тим на Супер Глоуб во Саудиска Арабија од 5 до 9 октомври.

За победничкиот тим настапи и екс голманот на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави, а а најдобар стрелец беше капитенот Ахмед Елахмар со осум гола.

Замалек обезбеди место на неофицијалното светско клупско првенство и ќе се соочи во четвртфиналето против европскиот првак Барселона.

Вардар летоска му понуди договор на Елдера,  двете страни ги имаа усогласено финансиските услови, но пречка за реализација на транферот беше египетскиот закон, кој додека не го отслужи воениот рок во татковината, не му дозволува на Елдера да ја напушти земјата.