Кадетски репрезентативец на Македонија се пресели во Германија

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Енес Идризи, кој на почетокот на оваа година го засили прволигашот, Аеродром, започна да гради интернационална кариера откако се пресели во Германија, поточно во екипата на Котбус.

Неговиот нов клуб се натпреварува во младинската Бундес лига и важи за еден од младите клубови во Германија на кој примарна задача му е создавање на квалитетен играчки кадар за во иднина.

Идризи ги задоволи критериумите на раководството на клубот, започна со тренинзи и во текот на викендов се очекува да го има деби настап во новиот клуб.

,,Можам да кажам дека во новата средина се чувствувам одлично. Тука се работи многу сериозно, имам голема поддршка од тренерот Тончи Друшковиќ, како и од целиот клуб. Мислам дека направив добар избор во мојата кариера”, изјави Идризи за 24 Ракомет.

Левиот бек своите почетоци во ракометот ги направи во академијата на Металург. На 16 години потпиша за екипата на Вардар Јуниор, а две години настапуваше за Работнички.