Кадетките против светски велесили, надежна група за младинките на ЕП!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беа извршени ждрепките за кадетските и младинските Европски првенства и ЕХФ шампионати во женска конкуренција.

Македонските кадетки ќе играат на ЕП во Црна Гора што ќе се одржи во Подгорица од 3 до 13 август, а ждрепката ја чекаа од последниот шешир.

Кадетките се во групата Д, а ќе имаат тешка задача за прогрес во главната рунда каде одат првите две селекции. Македонија ќе се соочи со светските велесили Унгарија, Франција и Романија, кои секогаш имаат одлични резултати во младинските категории.

Македонските младинки ќе играат на ЕП во Романија што ќе се одржи во Питешти и Миовени од 6 до 16 јули, а ждрепката исто како и кадетките ја чекаа од последниот шешир.

Младинките ќе бидат во групата Д, од која првите две патуваат во главната рунда. Македонија ќе се соочи со Данска, Црна Гора и Чешка, и сигурно ќе има поголеми шанси од кадетките за прогрес понатаму.

ЕП кадетки, 3-13 август, Црна Гора

група А: Исланд, Чешка, Германија, Црна Гора 
група Б: Србија, Шведска, Хрватска, Швајцарија
група Ц: Холандија, Португалија, Данска, Норвешка 
група Д: Македонија, Франција, Унгарија, Романија

ЕП младинки, 6-16 јули, Романија

група А: Холандија, Шведска, Хрватска, Швајцарија
група Б: Исланд, Германија, Португалија, Романија
група Ц: Србија, Франција, Унгарија, Норвешка, 
група Д: Македонија, Данска, Чешка, Црна Гора

ЕХФ шампионат 1, кадетки, 5-13 август, Азербејџан

група А: Словенија, Литванија, Грузија, Босна и Херцеговина, Азербејџан
група Б: Фарски Острови, Шпанија, Луксембург, Грција, Израел

ЕХФ шампионат 2, кадетки, 5-13 август, Турција

група А: Летонија, Велика Британија, Австрија, Италија, Турција 
група Б: Косово, Словачка, Полска, Бугарија, Финска

ЕХФ шампионат 1, младинки, 8-16 јули, Косово

група А: Словачка, Италија, Финска, Велика Британија, Косово
група Б: Австрија, Полска, Летонија, Израел

ЕХФ шампионат 2, младинки, 10-16 јули, Литванија

група А: Шпанија, Фарски Острови, Бугарија, Турција
група Б: Словенија, Естонија, Босна и Херцеговина, Литванија