Кадетите поразени од Црна Гора, ќе разигруваат за пласман од 9 до 14 место

Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби во петтото коло од групната фаза на Медитеранските игри од Црна Гора со 22-17 (8-7, 7-3, 7-7) и ги загуби шансите за место во четвртфиналето и покрај тоа што освои 0,5 половина бод.

Во првата третина избраниците на Никола Матлиески беа конкурентни и имаа шанси да ја добијат, но повторно грешеа во клучни моменти, па Црногорците реализираа во последните секунди за 8-7.

Во вториот период, ривалот беше многу подобар. Нашите кадети немаа идеја во нападот и погодија само три пати, а Црна Гора даде седум за водство од 15-10. Во третата третина беше нерешено, 7-7, но тој половина бод нема премногу да ни значи.

Денеска на програмата е уште мечот со Турција во 16:00 часот, па во следните три дена уште три меча за пласман.