Кадетите имаа пенал за победа, но останаа само со реми против Турција

Ракометарите кои се дел од репрезентацијата на Македонија во кадетска конкуренција на Медитеранските игри никако да влезат во потребниот ритам. После загубениот дуел со Црна Гора денеска испуштија победа на дуелот против Турција, па со четири порази, едно реми и една победа ја финишираа групната фаза.

Македонија имаше солидна игра, но недоволно добра за да може да се совлада противникот. Постојано беше неизвесно и со резултатска тензија. Нијанси беа во прашање за победникот, а и двете екипи имаа свои моменти.

Сепак, Турција беше селекцијата која беше постојано во предност. Имаше нешто повеќе од играта, а кадетите се разбудија предоцна за да можат да дојдат до комплетен пресврт.

После првиот период беше 8:8, а после вториот 12:13. Во еден момент Македонија поведе со 15:13, но потоа беше дозволено противникот да се врати во предност. Турција имаше 18:16, а кога се чинеше дека средбата е решена, дојде до будење и поангажирана игра, која, сепак, не беше доволна за да може да се направи целосно враќање во натпреварот. Резултатот беше израмнет, а имаше и пенал за победа. Сепак, шутот заврши во статива, па на крајот бодовите беа поделени.

Без разлика на епилогот, Македонија уште претходно беше јасно дека оди во разигрување од 9. до 14. место.