Каденас го објави списокот за Олимписките игри – Симоне ќе ја предводи Аргентина во Токио

Селекторот на машката репрезентација на Аргентина, Маноло Каденас го објави списокот на 17 ракометари кои ќе патуваат на Олимписките игри во Токио.

Поголемиот дел од избраните ракометари настапуваат во Шпанија. На списокот се најде и еден од главните ракометари од Монпелје, Диего Симоне, но и неговиот брат, Себастијан Симоне од екипата на САГ Вила.

Репрезентацијата на Аргентина подготовките за Олимписките игри ќе ги започне на домашен терен. Потоа, се предвидени и неколку пријателски натпревари во Јапонија со репрезентациите на Бахреин и Португалија.

На Олимписките игри во Токио, Аргентина за противници во првата фаза ги има репрезентациите на Франција, Германија, Норвешка, Бразил и Шпанија во рамките од групата А.