И последниот ривал на Вардар „запали мотори“

Вардар, Келце, Брест Мешков, Елверум, ПИК Сегед, ПСЖ, Порто…кој порано, кој подоцна ги започнаа подготовките за новата сезона, во која ќе бидат во иста група во Лигата на шампионите.

Некои од екипите се активни веќе цел месец, некои две или три седмици, а последниот член на групата А од елитното натпреварување – германскиот Фленсбург, последен ги започна подготовоките за новата сезона.

Со оглед на тоа што дуелите од Бундес лигата, кои се поважни за гермнските тимови ќе започнат дури во октомври, тие почнаа подоцна од вообичаено со тренинзи, што е случај и со Фленсбург.

Тренерот Мајк Мачулиа ја изврши првата прозивка на која не беа присутни повредените Магнус Род и Симон Халд, кои се уште се рехабилитираат. Од 27 август до 4 септември, Фленсбург ќе тренира во Данска и планирано е да одигра три контролни средби.