И покрај тоа што од 1 јули е член на Барса: Ако Ф4 се игра во август, Јанц ќе игра за Келце!

Словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц, кој на лето треба да се пресели во Барселона со која потпиша договор на четири години, би можел да настапи за поранешниот клуб Келце.

Неговиот договор со Келце завршува на 30 јуни, исто како и на Мариуш Јуркевич, Матеуш Јахлевски, Ромарик Гуијо и Хулен Агинагалде.

„Претпоставувам дека ист ќе биде случајот и со играчите од Барселона и од другите клубови на кои им завршува договорот, но ќе сакаат да настапат на Ф4, секако ако го обезбедат. Како и да е, нема ништо сигурно“, вели Јанц.

Сепак за ова да се случи, играчите што ќе направат трансфери од клуб во клуб, кој игра во завршницата на ЛШ, ќе треба да добијат дозвола од поранешниот клуб, а и ЕХФ треба да се огласи по ова прашање.

Тој имаше комбинација и за трансфер во Кил, но по пензионирањето на клупската легенда Виктор Томас, се реши за трансфер во каталонскиот гигант.