И покрај лошиот старт на сезоната – Фленсбург го задржа Мајк Махулиа до 2026 година

Поранешниот освојувач на Лигата на шампионите, Фленсбург, одлучи да го продолжи договорот со тренерот Мајк Махулиа. Искусниот стратег имаше активен договор со бундеслигашот до 2023 година.

Иако оваа сезона, Фленсбург не се покажа во најдобро светло на домашна и меѓународна сцена, сепак раководството на клубот реши да му понуди нов договор кој ќе важи до 2026 година. Двете страни без многу проблеми постигнаа заедничка соработка.

Махулиа во минатото работеше како асистент во Фленсбург, а во текот на 2017 година конечно стана прв тренер. Пред завршувањето на неговото активно играње во ракометот, во сезона 2013/2014 заедно со екипата на Фленсбург успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Моментално, екипата на Фленсбург се наоѓа на 6. позиција во Бундес лигата. Клубот во рамките од Лигата на шампионите има лош учинок, односно едно реми и три порази.