И на 41 година продолжува да брани

Искусната голманка и капитен на репрезентациајта на Шпанија, Силвија Наваро која има 41 година и по крајот на ова сезона нема да стави крај на својата кариера. Таа го продолжи договорот со својојт клуб Рокаса Гран Канарија за уште една сезона.

Наваро пристигна во Рокаса Гран Канарија во 2013 година и наредната сезона ќе и биде осма во клубот. Претходно во сезоната 2012/13 настапуваше во Романија каде што ги бранеше боите на Валчеа, но многу брзо по само една сезона се врати во татковината.

Со репрезентациајата на Шпанија, Наваро го освои сребрениот медал на Муднијалот во Јапонија во 2019 година откако загубија од Холандија во финалето.

Во нејзината колекција има бронзен медал од Олимписките игри во Лондон, исто така бронзен медал од Светското првенство во 2011 година и сребрен медал од Европското првенство во 2014 година.