И Металург 2 означи старт на подготовките, тргна со тренинзи за настап во Првата лига

Вториот тим на Металург во новата сезона ќе се натпреварува во Првата машка лига, а од вчера ракометарите се на подготовки за новата сезона. Екипата има речиси целосно изменет состав бидејќи голем дел од играчите си заминаа.

Почетокот на подготовките беше во салата во Автокоманда, а ќе се тренира и на Гази Баба.

Годинава составот е уште помлад од лани, па ќе биде интересно да се види како овој состав ќе се снајде во прволигашко друштво.

Во однос на лани повеќе во тимот ги нема Дарио Кофилоски, Андреј Митиќ (двајцата се прекомандувани во првата екипа), како и Димитар Михајлов, Марко Трајковски, Илија Мелоски, Огнен Савковиќ, Давор Шокоски, Мартин Божиновски, Виктор Василевски, Иван Попов, Никола Стоилевски, Лука Стојановиќ, Глигор Гајиќ и Климент Ефтимов.

Нови имиња се: Џулијано Христоски, Стефан Трајковски (двајцата од Прилеп), Андрија Мандиќ (Еурофарм Пелистер), Матеј Тричковски (КЛ7), Филип Петровски (РК Алушовски), Виктор Стојанов и Виктор Вељаноски (двајцата од Пролет). Од првиот тим во втората екипа е прекомандуван Предраг Мијатовиќ, додека од кадетскиот состав во Металург 2 се најдоа: Иван Андревски, Филип Николов, Давид Брестовац и Филип Димевски.