И да врне и да вее, ПСЖ мора да тренира! (ВИДЕО)

Во подготвителниот период екипите освен што напорно се подготвуваат за претстојните предизвици имаат простор и за забава на тренинзите.

Сепак сите максимално сериозно работат на што подобра подготвеност, особено екипите кои имаат натпревари во европските купови со оглед на тежината на тие натпревари.

Коронавирусот придонесе подготовките на екипите да се разликуваат од претходно, па многу тимови сè почесто тренираат на отворено.

Ракометарите на ПСЖ имаа несекојдневно искуство за ракометот, односно тренираа на дожд. Времето на беше приајтелски расположено, како изгледаше тоа погледнете во следното видео.