И Белорусите попуштаат, утре ја завршуваат сезоната?

Натпреварот меѓу Гомел и Мешков Брест кој треба да се одигра утре од 18 часот најверојатно ќе биде последниот во првенството на Белорусија.

Од страна на Ракометната федерација на Белорусија е направена анкета за да се види размислувањето на сите околу играњето на натпревари. Со оглед на тоа што во Белорусија и понатаму се играат натпревари и се оди против коронавирусот, сепак, се очекува и тука да дојде до прекин.

Според она што се разговара Мешков Брест би требало да биде шампион, а утрешниот натпревар да биде последниот. Со оглед на тоа што нема конкуренција не би требало да има и проблем за тоа кој ќе ја освои титулата во првенството на Белорусија иако не се одиграни сите средби.