ИХФ одреди домаќини: СП 2025 во Хрватска, Норвешка и Данска, а СП 2027 во Германија!

Светската ракометна федерација денеска на конгресот во Каиро ги одреди домаќините на следните големи натпреварувања во машка и женска конкуренција.

Во 2025 година, машкото СП ќе биде во заедничка организација на Хрватска, Норвешка и Данска, додека она во 2027 и е доделено на Германија.

Во женска конкуренција, Германија исто така ќе биде домаќин на Мундијал, во 2025 заедно со Холандија, додека СП во 2027 година ќе се одржи во Унгарија.

Претходно СП во 2021 ќе се играат во Египет во машка и во Шпанија во женска конкуренција, а оние во 2023 година – Полска и Шведска се домаќини кај мажите, а Норвешка, Данска и Шведска кај жените.