ИХФ ги претстави кадетите – Македонците се решени да направат одличен резултат!

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Светското првенство во Хрватска од 2 до 13 август.

Ракометарите на Раде Стојановиќ за ривали во рамки од групната фаза ги имаат репрезентациите на Норвешка, Грузија и Црна Гора.

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја смета Македонија за репрезентација која може многу да направи на Мундијалот.

„Сега европската репрезентација, која има неколку надежни ракометари во својот тим, се надева дека повторно ќе ја покаже својата борбеност. Нема да им биде лесно да напредуваат во групата со Норвешка, Црна Гора и Грузија, но Македонците се решени да направат добра работа”, се вели во најавата на ИХФ.

За Македонија учеството во Хрватска ќе биде второ учество на кадетските Мундијали, по првото учество кое го имаше во 2019 година. На тој Мундијал домаќин беше токму Македонија, но тогашните кадети одиграа под своите очекувања и завршија на 13. позиција.

Репрезентацијата која е под водство на Раде Стојановиќ минатата година на ЕХФ шампионатот во Литванија го освои првото место и избори директен пласман на Светското првенство во Хрватска.

Македонија со својот ростер со кој располага може да се надева на солиден пласман, но и на историски успех. Според ИХФ клучни ракометари во македонскиот состав треба да бидат голманот Брестовац, средниот бек Димковски и десното крило Петковски.

Еве ги патниците за Хрватска – Македонија со 17 ракометари на кадетскиот Мундијал!